Словенија рекордер по државен долг, Македонија и Црна Гора најмалку должат


Вкупниот износ на државните долгови на земјите од поранешна Југославија достигнале фантастични 90 милијарди евра. Апсолутен рекордер засега е Словенија, а најмалку има Црна Гора, пренесува црногорскиот информативен сајт КДМ, истакнувајќи дека поранешните браќа останале униформа во навика да живеат на вересија, иако веќе нема “братство и единство”.

Збирот на долговите на државите настанати по распадот на Југославија, е неколку пати поголем од долгот на поранешната заедничка држава, кој пред почетокот на војните изнесувал $ 20 милијарди. Најголем е долгот на Словенија, кој до крајот на годината ќе достигне близу 28,8 милијарди евра. Словенците сепак имаат најмалку причини за загриженост, бидејќи нивниот БДП е најголем и земјата има можност да враќа она што зазела.

Државниот долг на Словенија во 2013 година се зголеми на 71,7 % од БДП и според прогнозите оваа година ќе достигне 81% од БДП, што е речиси 4 пати повеќе во споредба со нивото на долгот во 2008 година, пред почетокот на глобалната финансиска криза.

На второ место по долг е Хрватска со околу 28,7 милијарди евра државен долг, следена од Србија со долг поголем од 20 милијарди евра, или 62,3 % од БДП.

Останатите држави од поранешна Југославија се со доста помали долгови, но со оглед на економската сила, и тоа е премногу за нив. Босна и Херцеговина должи околу 5,5 милијарди евра, Македонија 2,7 милијарди евра, а Црна Гора – 1,7 милијарди евра.

 


Видете следно

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА ЛАЖНА ДОЈАВА И ПОВТОРНО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Со ова известување би сакале да ја информираме јавноста дека денешната дојава за подметната експлозивна …