Смартфонот веќе може да намирисува


ChatPerf e јапонска компанија која направи додаток за паметните телефони кои препознаваат мириси. Тој е компатибилен со iPhone и се поврзува со 30-пински USB конектор.

Во интервју за Diginfo TV, портпаролот на компанијата изјави дека нивниот производ наскоро ќе биде компатибилен и со Android.

Уредот има мал резервоар во кој го складира воздухот. Во него има сензори кои ја анализираат неговата содржина и го дефинираат мирисот.
Идејата на ChatPerf е да направи можно зачувување на мириси кон направените фотографии или аудио записи и потоа да реплицираат максимално чувство од околината.

Компанијата се подготвува малите резервоари со предефинирани мириси кои ќе ги пушти на пазарот, да овозможуваат репродукција на записите.

ChatPerf објави и пакет на софтверски алатки за креирање на апликации, со кој ќе им овозможи на програмерите да ги прошират можностите на уредот.


Видете следно

РАКУПЕН – ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА КОЈА Е СПОЈ НА ПРОДАВАЧИТЕ И КУПУВАЧИТЕ

Се на едно место – Ракупен.мк Купувањето онлајн и дигитализацијата одамна се реалност во светот. …