Снегот пристигнува побрзо отколку што мислевме: Еве кога се најавени првите снегулки, но и какво време не очекува пред Нова Година


ДОДЕКА ОД ПЕТОК 25 / 12, ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР ОД ЗАПАД ДОАЃААТ ДОЖДОВНИТЕ ОБЛАЦИ КОИ НИ ЈА НОСАТ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО.
СЛЕДНИОТ ВИКЕНД ОБЛАЧНО И ВРНЕЖЛИВО ВО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА НА ПОНИСКИТЕ МЕСТА ОД ДОЖД, НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА И ПЛАНИНИТЕ СО ВРНЕЖИ ОД СНЕГ. ВИКЕНДОТ ЌЕ ИМАМЕ И ОПАЃАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ.

Како што веќе и знаете до крајот на веќе тековната седмица без промена на временската состојба кај нас, ќе се задржи претежно стабилно и суво време со променлива локална облачност, повеќе сончеви периоди ќе имаме на повисоките места и планините каде ќе биде и потопло, додека местата кои ќе бидат опфатени со магла и ниска облачност ќе биде постудено, а тоа значи дека котлините ќе имаат и натаму магла и ниска облачност. Температурата во следните неколку дена ќе бележи тенденција на благо покачување, особено на дневните температури. На стабилното и суво време му доаѓа крајот, па затоа искористете го уште малку како што знаете и умеете.

Од петок 25/12, особено во попладневните и вечерни часови ќе настапи промена на временската состојба во Македонија, кога ќе настапи поголемо наоблачување од запад и ќе донесе нов бран на врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Бранот на врнежи ќе се прошири и во следниот викенд, особено во сабота кога врнежи очекуваме во поголем дел од Македонија, до крајот на денот поради падот на температурите снежната граница ќе започне да се спушта и во некои низини, особено во сабота навечер и ноќта према недела. Па така судејќи според сегашните метео прогнозистички модели снег во вид на провејување би можеле да имаме во повеќето делови на Македонија, додека снежна покривка ќе има на планините и повисоките планински предели. За низините во западниот, југозападниот и северниот дел се уште ќе се анализира но по се изгледа и овие подрачја би виделе снег колку толку. Се на се конечно се надзира промена на временската состојба во Македонија и ќе донесе од се понешто, дожд, снег, ветер и пад на температурите. Но детали околу промената секако наскоро.

Подготви: #DenisMuhovic


Видете следно

СДСМ: Субвенции за сончеви колектори, за ПВЦ или алуминиумски прозорци, за печки на пелети

Силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и засилен ангажман во акцијата за чиста …