Со брзо плаќање на сметки до повеќе мобилен интернет!


Никој, ама баш никој не сака да чека долги редици на шалтер. Во светот во кој живееме, времето е валута со највисока вредност. Дефинитивно, доаѓа време кога „времето“ уште повеќе ќе се цени.

Па тогаш, како да си го заштедиме времето, но и нервозите и уморот од секојдневното чекање по шалтери за да платиме сметки? Одговорот, како и за повеќето прашања кои се однесуваат на современото живеење, е мобилниот интернет.

Иако како нација имаме уште долг пат додека да ги сфатиме сигурноста и едноставноста на онлајн плаќањата и поволностите на мобилните апликации, полека но сигурно се движиме во правилна насока. А кога сме кај мобилните апликации и скратувањето на времето за чекање по шалтери, ја издвојуваме мобилната апликација на Македонски Телеком, која покрај тоа што е единствена на пазарот, се покажа и како најпрактичното решение за овие прашања.

Со мобилната апликација на Македонски Телеком, корисниците на овој оператор воопшто немаат потреба да чекаат редици по продажните салони за да ја платат својата месечна сметка за мобилен телефон, туку тоа можат да го извршат каде и да се, со само еден клик.

А секој кој ќе плати сметка преку Телеком МК апликацијата, ќе добие и 1 GB мобилен интернет.

Со ова не само што заштедувате време туку и придонесувате кон заштита на животната средина, бидејќи веќе нема потреба од печатење на листови хартија.

Прилагодена и за Android и за iPhone, оваа мобилна апликација покрај плаќањето на сметката нуди многу можности и поволности што можат да се добијат единствено преку нејзино активирање – проверка на интернет состојбата во секое време, лоцирање на најблиските продажни салони, но и единствени можности за дуплирање  на интернетот и SMS пораките преку активирање одреден пакет.

Затоа, наместо однапред да се подготвувате за нервоза и чекање, преземете ја мобилната апликација на Македонски Телеком и подгответе се за уживање и мноооогу интернет!


Видете следно

Подобра бизнис клима во Македонија преку реформи во секторот туризам и угостителство

Денеска, 11.12.2018 година, Стопанската комора на Македонија и другите партнери на Проектот на УСАИД „Партнерство …