Со бугарски пасош може да се патува во 169 земји во светот


Бугарија е на 19-то место во глобалниот пасошки индекс објавен од “Хенли енд партнерс”, кој покажува во кои држави имаат можност да патуваат граѓаните без визи во повеќето други земји во светот.

Со доаѓањето на новата година, индексот е веќе надграден и Бугарија се искачува од 20 до 19 во рангирањето. Бугарите можат да патуваат во 169 земји низ светот без да користат визи. Значи, Бугарија ја дели 19-тата позиција со Романија и Хонг Конг.

Всушност 19-тото место не значи дека само 18 земји се пред овој број, туку поради делење на исти ранг, реално тоа се вкупно 41 држави.

Индексот исто така има и нов лидер – Јапонија, чии граѓани можат да посетуваат 190 земји без виза. Вториот во ранг-листата е Реп.Кореја и Сингапур, со индикатор од 189 земји. Лидерот од минатата година Германија – падна на третото место, сега го дели местото со Франција. Жителите на овие земји можат слободно да влезат во 188 земји.

Данска, Италија, Финска и Шведска (187 земји), Шпанија и Луксембург (186 земји).

Во исто време, Велика Британија и САД ја изгубија својата позиција во рангирањето. Сега тие го делат шестото место со Австрија, Португалија и Швајцарија (185 земји со слободен пристап).

Русија е рангирана на 48 место во рангирањето, па така руските државјани имаат безвизен пристап до 119 земји.

Последното место во рангирањето сè уште го зазема Ирак и Авганистан, чии граѓани можат да влезат без виза во само 30 земји низ светот.


Видете следно

Општина Прилеп избрана за најеколошка општина во Македонија за 2018 година

Денес во Стопанската комора компанијата Пакомак го финализираше конкурсот за избор на најеколошка општина за …