Breaking News

Со две предфестивалски вечери почнува 36. издание на Фолк фест „Валандово“


Со првата и втората предфестивалска вечер, на која ќе настапат Жељко Самарџиќ, Јоце Панов и Распеани валандовчани и утревечер со Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“ на Градскиот плоштад во Валандово ќе биде крената завесата на 36.


издание на Фолк фест „Валандово“. Главната фестивалка вечер ќе се одржи в недела во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на сцената ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни.


Наградата за животно дело годинава ќе му се додели постхумно на пејачот Ѓоко Дончев, а во паузата на гласањето на фестивалската вечер ќе биде изведен омаж за починатиот музичар, Милан Завков.

Наградите се доделуваат со гласање на публиката во салата и стручното жири, а фестивалската вечер ќе биде директно пренесувана на МРТВ. рт/Фото: Општина Валандово .


Извор: МИА