Со есенската акција за чистење на Кисела Вода досега собрани се 10 тони смет


Општина Кисела Вода продолжува со акцијата за чистење на тревните површини, парковите и улиците кои се под нејзина надлежност.

Денес, сезонските работници ангажирани од страна на Општина Кисела Вода во МЗ Подстаница вршат целосно расчистување на сметот, а во исто време го собираат и кабастиот отпад одложен на локации во оваа месна заедница. Со овие активности опфатено е и чистење на Црниот канал. Покрај ова, се косат нараснатите тревни површини, а се кастрат и гранките на дрвјата.

Имено, со оваа акција која започна минатата недела, во населбите Црниче и Пржино собрани се околу 10 тони смет и кабаст отпад.

Акцијата за чистење на територијата на Кисела Вода ќе продолжи да се одвива во четврток и петок во населба и село Драчево.

Воедно, Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на законот за јавна чистота, како би придонеле за поздрава и почиста животна средина.


Видете следно

АНАЛИЗА: Голем Буџет, големи амбиции – детали за капиталните расходи !

За патна и железничка инфраструктура догодина планирано е да се потрошат 84,5 милиони евра.  За технолошко …