Со кого најмногу Македонија тргува


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 169 098 440 илјади денари и бележи пораст од 13.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 225 660 248 илјади денари, што е за 10.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 56 561 808 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – јуни 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-VI 2018 Покриеност на увозот со извоз
394 758 688 илјади денари 74.9 %
6 415 713 илјади евра 74.9 %
7 764 470 илјади САД долари 74.8 %

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 2 748 191 илјада евра и бележи пораст од 13.6 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 667 522 илјади евра, што е за 11.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 919 332 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 3 323 298 илјади САД долари и бележи пораст од 26.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 441 172 илјади САД долари, што е за 24.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 1 117 874 илјади САД долари.

Видете следно

КОМП: Основната каматна стапка намалена за 0,25 процентни поени и е на ниво од 2,75%

На 14 август 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика …