Со новиот граничен премин со Србија, побрзо до Европа


Министрите на вчерашната седница ја усвоија информацијата за потребата од отпочнување постапка за водење преговори за склучување на договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Македонија и Прешево, Република Србија.

Преговорите ќе ги води работна група и истата е задолжена во рок од 30 дена да ја информира Владата на Република Македонија за водените преговори при конципирањето на нацрт текстот на договорот помеѓу двете влади за воспоставување заеднички граничен премин, или one-stop-shop.


Видете следно

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЕ 2 НОВИ МОНТАЖНИ ГАРАЖИ

Советот на Град Скопје на денешната седница гласа за Одлуката за согласност на инвестиционата програма …