Собранието повторно отворено за посети со физичко присуство


Од денеска, секој петок во неделата, заинтересираните ќе имаат можност да ја разгледаат зградата на Собранието и да слушнат повеќе за улогата и функциите на законодавната власт. Дополнително, заинтересираните граѓани ќе може да се пријавуваат и во другите денови на неделата, од вторник до четврток на терминот од 9 до 10 часот, информираат од Собранието.

Посетите се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Времетраењето на организираната обиколка е еден час, а термините за посета се секој час од 9:00 до 15:00 часот.


Заинтересираните граѓани за посета на Собранието, можат да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата, преку софтверот за пријавување на следниот линк https://poseti.sobranie.mk/.

За сите прашања и дополнителни информации може да се обратите до Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт, на телефонскиот број 02/3182 227 или преку електронска пошта: parl.inst@sobranie.mk.ир/са/


Скопје, 27 мај 2022 (МИА)


Видете следно

Финансиско ветување за борба против кризата со храна на крајот на Самитот на Г7

Групата богати нации Г7 се очекува денеска да го заврши својот тридневен самит на Баварските …