Breaking News

Собранието треба да ја продолжи 106. седница


– Собранието денеска треба да ја одржи 106. седница на која на дневен ред се останати уште само неколку точки од дневниот ред.


Пратениците не ги разгледале Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија мегу Република Македонија и Украина, Предлог на закон за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, во прво читање, измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, како и Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2022 година. ев/дма/