Breaking News

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе одржи две седници


Во Собранието денеска две седници ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт. Членовите на Комисијата во рамки на 18.


седница ќе расправаат за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование во прво читање. Додека, пак, на дневен ред на 17.


седница се неколку точки – Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција и Предлог на законот за изменување на Законот за спортска академија, сите во прво читање.

фф/вг/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА