Сојузот на здруженија на пензионери ќе отвори телефонска линија за пенионерски прашања


Скопје, 30 јули 2020 (МИА) – Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ги информира пензионерите дека од 4 август ќе почне да функционира отворена телефонска линија за пензионерите „Ало, пензионерски прашања” на која двапати неделно, по два часа пензионерите ќе можат да добиваат одговори на нивните прашања.

– Во услови на пандемија, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ги информира пензионерите дека од 4 август ќе почне да работи телефонската линија 02 3213 227 „Ало, пензионерски прашања”. Одговорите ќе ги даваат стручни и компетентни лица ангажирани од Сојузот, секој вторник и четврток од 10 до 12 часот, појаснуваат од Сојузот.

Оттаму додаваат дека на овој начин се потврдува грижата за пензионерите со цел да добијат одговори на нивните психолошко-социолошки и здравствени проблеми, или да остварат обична комуникација со што, како што посочуваат, ќе се потврди значењето на разговорот и вниманието неопходно за луѓето во третата доба.


Видете следно

Станува тренер на најтрофејниот клуб во Италија: Кој е Андреа Пирло?

Андреја Пирло e роден на 19 мај 1979 и тој е поранешен италијански фудбалер-освојувач на …