Солвео ги повикува младите амбициозни умови да ја креираат иднината на градот Скопје


Дигиталната ера е носител на главните промени во општеството во кое живееме. Појавата на современите технологии и нивната секојдневна употреба придонесува за полесно функционирање на една заедница. Можноста за поголема поврзаност и лесниот пристап до инфомарции ја носат иднината на функционирање на едно современо општество – концепт познат како Smart City.

Солвео заедно со М3ДС академијата за моделирање и гејм дизајн, во склоп на iNovum организираат тридневен настан токму на оваа тематика, под наслов  “Smart Cities: Rethinking how the city works and lives” каде над 100 учесници ќе имаат уникатна можност да ја креираат иднината на градот Скопје, работејќи во мултидисциплинарни тимови да создадат иновативни и креативни решенија со цел да се приближи градот Скопје кон светските метрополи кои го имаат активно прифатено овој концепт.

Почетокот на креативниот маратон ќе го означи конференцијата на која истакнати професионалци – претприемачи од македонската бизнис сфера  како Хајан Селмани – HASELT, Глигор Дачевски – DOXTEAM, Ира Стефанов Бабиќ – BRANDUNION, Митко Цабевски – U:PLUG, Mихајло Димитриевски – illustrator, Владимир Трајковиќ – универзитетски професор кои ќе го споделат своето искуство и знаење од областа на информатичките науки, дигиталниот маркетинг, развој на софтверски решенија и 3D и Game Design.

Последователно, во просториите на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) ќе започне креативниот маратон каде учесниците ќе бидат поделени во тимови и ќе почнат да работат на своите креативни и иновативни решенија. Нивната работа ќе биде менторирана од експерти кои даваат насоки и упатства за креирање на идејни решенија. За повеќе информации околу настанот кликни тука.

На крајот на креативниот маратон ќе бидат презентирани креираните решенија од тимовите, каде што ќе биде прогласен победнички тим за кој ќе следува награда.

Rethink креативниот маратон е наменет за сите млади и амбициозни умови кои сакаат да придонесат за позитивни промени во градот Скопје и сакаат да се стекнат со нови знаења и вештини. Доколку сакаш да си дел од промените пријави се тука.

Креативниот маратон Rethink e oрганизиран од Солвео и М3ДС. Солвео е првата агенција за иновации во Maкедонија. Визијата на Солвео е да ги оставри најамбициозните цели на своите клиенти и преку својот уникатен процес им помага да создаваат и тестираат нови бизнис концепти. Тимот на Солвео ја пренесува својата енергичност и ентузијазам на своите клиенти и секако на младите студенти со кои соработува. Тие соработуваат со повеќе страни истовремено, клиентот со својот тим, тимовите составени од студентите, мрежата од експерти и секако тимот на Солвео, каде резултатот е win-win-win ситуација за сите засегнати страни.

M3ДС е академија за 3D моделирање и гејм дизајн основана во 2015 год. од Стефан Митров. Во рок од една година М3ДС се здоби со авторизиран сертификат од Autodesk Training Center каде ја оствари својата цел да стане едно од најуспешните студија на малиот пазар во Maкедонија со над 100 успешни реализирани проекти. Сега М3ДС е авторизиран Autodesk Training Center и е една од најбрзо растечките академии за 3Д во Македонија. После секоја успешно завршено задача, презентација на финалниот проект, како и на целото портфолио секој студент добива интернационален сертификат од Autodesk Training Center кој значително им го збогатува нивното портфолио

Видете следно

28 септември е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  …