Солза Грчева до Рашковски: Дали на ист начин ги доживуваш и црнците?


Солза Грчева на својот Facebook профил го прашува Драги Рашковски дали на ист начин ги доживува и црнците?

„Дали и тоа ќе му биде некаков подвиг за да се оправда дека Една од најрасистичките изјави е да речеш: имам јас многу пријатели Роми (Рашковски). Па се разбира дека сите имаат пријатели меѓу сите етнички заедници. Но, штом потенцираш дека “имаш пријатели“ тоа е чист расизам. Се фалиш или правдаш со нешто што е нормално. Или по нашки, си ја тргаш мувата од капата. Секогаш таквите изјави, а ги имаше од јавни личности, ми параат уши. Го прашувам дали евентуално на ист начин ги доживува и црнците? Дали и тоа ќе му биде некаков подвиг за да се оправда? Срамота!
Полуписмени луѓе, залутани во политиката“, напиша Грчева на Facebook.



Видете следно

Агенцијата за храна и ветеринарство го осудува обидот на Цветан Трипуновски за изјавата и презентирањето на невистини

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го осудува обидот на Цветан Трипуновски, член на Извршниот …