Breaking News

Сончево и многу топло


– Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а вдолж Повардарието северозападен.


Во североисточните делови од средината на денот ќе има услови за краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи.


Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.


До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс.

Особено топло ќе биде во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. вј/лв/Фото: МИА архива .


Извор: МИА