Сончево и потопло, попладне дожд


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.


Под влијание на студена воздушна маса во вторник ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи до четврток, а температурата значително ќе се намали и ќе остане пониска и во следните денови. мд/са/

Скопје, 21 февруари 2022 (МИА)



Видете следно

„Најсреќниот човек на светот“ е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот” во режија на Теона Стругар Митевска е годинaшниот македонски …