Breaking News

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.


Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од недела следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град. вг/ .

Извор: МИА