Breaking News

Сончево и топло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.


Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.


Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.


Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.

цр/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА