Сончево со мала до умерена облачност


Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.


Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени.


За време на викендот и во почетокот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Скопје, 7 април 2023 (МИА)