Сончево со мала доумерена облачност и температура до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Денес и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени. Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) –


Видете следно

Станува тренер на најтрофејниот клуб во Италија: Кој е Андреа Пирло?

Андреја Пирло e роден на 19 мај 1979 и тој е поранешен италијански фудбалер-освојувач на …