Сончево со ниски утрински температури


Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку ден претежно сончево, a на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.


Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 8 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег. ар/бак/


Скопје, 14 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Утринските температури во цела држава под нула

Во целата држава утринава температурите се под нула. Најстудено е во Берово каде се измерени …