Breaking News

Сончево со слаб ветер, температура до 27 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.


Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени. Како што информира УХМР, ќе продолжи периодот на релативно топло време.

В среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и в четврток, кога ќе бидат проследени со ретки грмежи.


Услови за локален дожд ќе има и в петок. мд/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА