Сончево со умерена облачност и краткотраен дожд во западните делови


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Oд denes, под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, температурите ќе бележат тенденција на позначителен пораст а ќе има и повеќе сончеви периоди. Повторно услови за ретка појава на локален краткотраен дожд ќе има во недела кон крајот на денот, особено во крајните западни предели.


– Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Во скопскиот регион максималните температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 27 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност, и ќе изнесува (коефициент 6), вели метерологот Попоски.


Видете следно

Во Скопје 173 сообраќајни прекршоци, 48 за брзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје …