Sony пушта Xperia M во Европа


Sony Mobile го најави лансирањето на продажбата на моделот Xperia M во Европа. Смартфонот може да работи со две SIM картички и е со карактеристичниот бренд дизајн, потчинет на концептот OmniBalance.

Моделот работи со оперативен систем Google Android 4.1 Jelly Bean и ќе биде достапен во црна, бела, виолетова и жолта боја.

Xperia M е dual-core процесор Qualcomm Snapdragon S4 MSM8227, со 5-мегапискелова камера со сензор Exmor RS, автофокус и LED блиц, Bluetooth 4.0, Wi-Fi и NFC технологија. Димензиите на уредот се 124х62х9.3 мм, а неговата тежина е 115 грама.

Смартфонот располага и со 1GB RAM, 4GB вградена меморија и слот за картичка microSD, кој овозможува проширување на меморијата со уште 32 GB.

Xperia M нуди и 3.5 милиметарски аудио приклучок, вграден FM радио, како и DLNA функционалности.


Видете следно

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи, ќе има дополнителни вакцинални пунктови

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш …