Сообраќајот наместа по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. хс/

Скопје, 18 јули 2021 (МИА)


Видете следно

Утре градот Скопје ќе прска против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против …