Breaking News

Сообраќајот се одвива непречено, слаб снег во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира АМСМ.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/