Сопственик ги забрани најгласните деца во ресторан


Сопственик на еден ресторан во американската сојузна држава Калифорнија го забрани пристапот на бучните деца во локалот.

Уште пред 2 години Крис Шејк, сопственикот на “Пештерата на стариот рибар” во Монтереј објави дека ресторанот повеќе нема да нуди високи столици за деца. Неодамна правилата за малите клиенти биле дополнително затегнати.

“Децата кои плачат или креваат врева, и бидат пријавени од другите клиенти, нема да бидат дозволени во ресторанот. Во локалот забрането е и внесување на бебешки колички”.

“На луѓето на кои не им се допаѓаат овие правила, да идат да се хранат на друго место. Правилата во мојот ресторан се такви какви што се”, категоричен е претприемачот.

Мерката, сепак, не се покажа погубна за бизнисот, дури напротив. Шејк забележува дека иако правилата се рестриктивни, “Пештерата” ужива добра посетеност.


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …