Социјалните медиуми стануваат канал за корпоративни информации во САД


Американските компании, ќе можат да го користат Twitter, Facebook и другите социјални медиуми за ширење на важните информации кон своите инвеститори и партнери. Тоа го соопштија во вторникот од американската Комисија за хартии од вредност и берзи (Securities and Exchange Commission – SEC).

Одобрението ќе им помогне на компаниите полесно да се прилагодат на новата динамична медиумска средина, коментира агенцијата “Ројтерс”.


Одот на американското регулаторно тело има за цел да ги разјасни новите правила, кои се последица од стекнатата популарност и истрагата на комисијата од минатиот јули. Тогаш извршниот директор на Netflix, Рид Хејстингс објави важна корпоративна информација на личната Facebook страница.

Тогаш SEC спроведе истрага за објавените од Хејстингс информации за филмската и ТВ стриминг услуга.


Во вторникот од SEC информираа дека нема да преземат казнени дејствија во оваа ситуација. Од комисијата сепак додаваат дека за тоа време вработените на компаниите научиле дека постои ризик не сите акционери да добијат важни корпоративни информации, кога тие се објавуваат во социјалните мрежи.

Тоа би дало компаративна предност на едни акционери пред други кои не биле информирани навреме.



Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: „Отворен Балкан” е можност три држави да споделат искуства на полето на културата

Министри за култура, претставници од агенции задолжени за филм, младински културни центри, големи државни и …