Советничката на Петков, Весела Чернева под истрага за пренесување информации на македонски државјанин


Бугарските власти водат предистражна постапка против советничката за надворешни работи на поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, Весела Чернева за издавање на информации за позицијата на Софија за влезот на Северна Македонија во ЕУ, изјави првиот човек на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), Пламен Тончев.


Како што објави 24 часа.


бг, во одговор на прашање на пратеникот на националистичката партија Преродба „дали биле издавани информации за преговарачкиот процес на Република Северна Македонија и за чекорите што ги презема бугарската држава“, Тончев во бугарското Собрание, без да го спомне името на Чернева, изјави дека е покренат случај за тоа дека „тогашен советник на премиерот ги координирал ставовите на МНР со државјанин на Република Северна Македонија“.

– Нема да можам да одговорам детално, бидејќи е поведена предистражна постапка, одговори Тончев.


Според него, некои министри од тогашната бугарска Влада „дефинитивно не го штителе националниот интерес“ на Бугарија. Ова не се први обвинувања на сметка на Чернева во врска со земјава.

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Теодора Генчовска во една прилика ја обвини Чернева дека води паралелна надворешна политика и дека лобира во преговорите со Скопје.


Кабинетот на Петков беше на власт од декември 2021 до август 2022 година. сп/  .

Извор: МИА