Советот на амбасадори го поздрави договорот за економска соработка меѓу Србија и Косово


Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Здружението за политика и меѓународни прашања Совет на амбасадори со големо внимание ги следеше активностите околу потпишување на договор за економска соработка и развој меѓу Србија и Косово во Белата куќа, во присуство на претседателот на САД Доналд Трамп.

-Актот на потпишување на договор за економска соработка меѓу двете земји, кои се наши соседи, значајно ќе придонесе за економска соработка и економски развој меѓу земјите на Западен Балкан и особено во правец на зајакнување на мирот и безбедноста во целиот регион, наведува Советот на амбасадори во соопштение.

Совет на Амбасадори очекува во иднина дијалогот да продолжи со ист интензитет и за политичките теми дотолку повеќе што двете земји како и меѓународната заедница се убедени дека дијалогот може да успее единствено со почитувањето на границите и дека идејата за размена на територии е контрапродуктивна и може да има негативни ефекти за целиот Западен Балкан.

-Совет на Амбасадори високо ја цени лидерската улога на САД во решавање на овој повеќе децениски проблем, но, смета дека Европската Унија преку нејзините тела и механизми во сферата на надворешни работи би требало да биде уште поактивна особено во соработката со САД, како значаен придонес за успешно и конечно решавање на отвореното прашање меѓу Република Србија и Република Косово, стои во соопштението на Советот на амбасадори.


Видете следно

Македонија2025 прогласена за најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа

Меѓународната невладина организација Македонија2025 ја освои престижната Награда за мал бизнис 2020  (Small Business Awards), …