Спасовски присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на пет децени од формирањето на ““Здружението на пензионираните работници од органите за внатрешни работи на Република Северна Македонија- Скопје“.


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на пет децени од формирањето на ““Здружението на пензионираните работници од органите за внатрешни работи на Република Северна Македонија- Скопје“.

“Прво, не може а да не се искаже респект кон луѓе кои што својот работен век, своето професионално знаење и труд го вложиле во една од фундаменталните институции на општеството – Министерството за внатрешни работи. Второ, не може а да не се испочитува фактот дека вие и натаму преку оваа форма на организирање давате свој придонес не само кон статусот на оваа група пензионери, туку истовремено продолжувате да ја негувате и чувате колегијалноста, пријателството, меѓусебното почитување како принципи важни не само од личен аспект туку и како колективен акт демонстрирајќи заедништво и солидарност како неопходни општествени вредности. “.


Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето поздравно обраќање, заблагодарувајќи им се на поранешните вработени во министерството за придонесот во градењето на полицијата и нагласувајќи дека кое било општество или систем, доколку се стреми кон просперитет и перспектива не може и не смее да се откаже од ниту еден свој поединец.


Видете следно

Зимска распродажба во Скопје Сити Мол

Сите сме возбудени за големите зимски попусти кои се веќе тука. Време е за уживање …