Спасовски: Се работи на пронаоѓање на Мијалков


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека според сите досегашни проценки и анализи екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се уште е во државата.

– Според сите наши анализи и проценки сметаме дека сеуште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Дејствијата за потрага се во тек. Ако ние знаеме каде е Мијалков во овој момент, веројатно ќе беше во притвор во истиот момент, меѓутоа сите анализи и проценки кои ги правиме врз основа на потражните дејствија и информациите кои ги добиваме, наша увереност е дека е во државата, изјави Спасовски на денешната прес-конференција.

Нагласи дека се работи на пронаоѓање на Мијалков и негово изнесување пред лицето на правдата.

Мијалков од неделата е недостапен за органите на прогонот. По него се трага, а во текот на вчерашниот ден беа извршени информативни разговори со неговите блиски од семејството и од обезбедувањето.

Поранешниот директор на сега згаснатата УБК е обвинет во случајот Таргет-Тврдина, за кој пресуда треба да биде изречена в петок.  бак/ац/


Видете следно

МАНУ детектираше британски сој на корона вирусот кај еден од пациентите кои патувале во Занзибар

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на …