Списанието Forbes изготви ранг на најскапите брендови во светот


Главната причина да се зацврстат трговските марки на пазарот, е долгогодишното признание на корисниците. Според аналитичарите на Forbes не е изненадување дека кога избираат дадени производи, потрошувачите бараат познати трговски марки.

Аналитичарите се определиле за најскапи трговските марки кои имаат долгогодишна силна врска со потрошувачите, како и висока финансиска вредност.

1. Apple

Прво место во рангирањето за најскапи брендови во светот зазема американската компанија Apple, а брендот во октомври 2012г. е оценет на 87.1 милиони долари, што го прави најскапиот бренд во светот. Apple е основана во 1976 година во Калифорнија.

2. Microsoft

Втората позиција за најдраг бренд во светот е Microsoft, чија вредност е 54.7 милиони долари. Најпознатите производи на компанијата се оперативниот систем Windows и пакетот програми Microsoft Office.

3. Coca Cola

Coca Cola се подредува на третото место со 50,2 милиони долари вредност на брендот.

4. IBM

Американската компанија, која е најголемиот снабдувач на софтвер, хардвер и други сеопфатни услуги во областа на информатичката технологија, е со вредност на брендот 48,5 милиони долари.

5. Google

Најпознатиот пребарувач во светот е рангиран на 5-то место со вредност на брендот од 37.6 милиони долари за 2012 година

6. Intel

Познатите претежно со производство на микропроцесори и специјализирани интегрирани кола на компанијата Intel, се подредуваат на 6-то место како најскапиот бренд во светот со вредност од 32.3 милиони долари.

7. McDonald’s

Седмата позиција е доделена за најпознатата марка за брза храна во светот со вредност од 37.4 милиони долари.

8. General Electric

Најголемиот производител на локомотиви, гасни турбини, авионски мотори, медицинска опрема и сл, го зазема 8-мото место во рангирањето за најскапи марки со вредност на брендот од 33,7 милиони долари.

9. BMW

Германскиот производител на автомобили е најскапиот автомобил за 2012 година со вредност на брендот од 26.3 милиони долари.

10. Cisco

Cisco дизајнира и продава електроника за корисниците на мрежни комуникации, звучна технологија и услуги. Вредноста на брендот е 26.3 милиони долари.


Видете следно

Производите со несогорлив тутун можат да бидат едно од решенијата за денталните проблеми предизвикани од пушењето

Чадот од цигарите е одговорен за многу болести и промени на забите и усната празнина, …