Спортски викенд со Арена Спорт каналите достапни за сите MaxTV корисници


На само неколку дена сме пред стартот на спектакуларниот спортски викенд на 1 и 2 јуни, кога ќе се одиграат најважните два спортски настани на годината: ракометниот Final 4 во Келн, и финалете од UEFA Champions League. Натпреварите ќе може да се следат на Арена спорт каналите кои овој викенд ќе бидат достапни за сите корисници на Max TV на Македонски Телеком.

Во сабота, македонскиот ракометен шампион Вардар ќе се соочи со фаворизираната Барселона во првото Final 4 полуфинале. На изненадување на сите „Црвено-црните” ги оставија сите проблеми зад себе и одиграа нова фантастична сезона во елитата, која на крај беше зачинета со моќно издание против ПИК Сегед и заслужен пласман во Ф4. Во недела ќе биде големото ракометно финале и борбата за трето место.

А епското финале од UEFA Champions League е приказна за себе! Сите оние кои ги гледаа возбудливите полуфинални натпревари, сега имаат уште поголеми фудбалски очекувања. А Тотенхем И Ливерпул, по она што го прикажаа оваа сезона, дефинитивно имаат уште што да покажат. Лигата на шампионите никогаш не била помагична, поинтересна и повозбудлива, затоа, договорете друштво, купете омилени пијалоци и грицки и подгответе се за возбудата која доаѓа!

 

Спектакуларен спортски викенд за сите Max TV корисници! Овој викенд, сите Арена спорт канали, достапни за сите Маx TV корисници! Во сабота, прво гледаме Final 4 и навиваме за Вардар, а веднаш потоа, уживаме во епското финале од UEFA Champions League! Во недела го следиме големото ракометно финале и борбата за трето место. Подгответе се, возбудата кулминира!

Gepostet von Telekom MK am Montag, 27. Mai 2019


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …