Србија договори потпишување на меморандум со Грција за влез на патници


Министерката за туризам на Република Србија Татјана Матиќ и министерот за туризам на Република Грција, Харис Теокарис, на денешната онлајн средба се договорија за потпишување на заеднички Меморандум за разбирање од областа на туризмот во контекст на пандемијата КОВИД 19, кој ќе ги дефинира условите за влез на патници од Србија во Грција во периодот од 1 мај до 1 октомври 2021 година.

По тој повод, министерот Матиќ објави дека е договорено Меморандумот да предвиди заемно признавање на електронските сертификати за вакцинација.

– На тој начин ќе можат да влезат граѓаните од обете држави кои се вакцинирани, додека ПЦР или тестот за антиген ќе биде задолжителен за граѓаните кои не биле вакцинирани. Исто така, ќе се прават и брзи тестови на границата – објасни министерот.

Таа исто така спомена дека граѓаните што досега не биле во можност да направат патувања во Грција и кои имаат склучено договори со туристички агенции, тоа ќе можат да го сторат до 31 декември 2021 година.

„Отворањето на грчката граница за нашите граѓани во текот на летната сезона ќе биде симболична слика за целосно нормализирање на нашите животи, но и уште една потврда за длабокото и вистинско пријателство и вонредните билатерални односи меѓу Србија и Грција“, рече Матиќ.


Видете следно

Макрадули: Ќе ја вратиме Поштата кај граѓаните

Утрово само за еден час направени се 500 трансакции од кои 92 во Поштата во …