Србија ги доби туристите од Кина во првата половина од 2018 година


Значително е зголемен бројот на Кинезите кои патуваат во Европа по бизнис или како туристи, покажуваат податоците од последниот извештај на Европската комисија за туризам (ЕКТ) за првата половина на 2018 година.

Најголем раст бележат посетите на Кинезите во Србија – цели 254%, а оние во Црна Гора биле со 153% повеќе од првото полугодие на 2017 година. Другите земји кои можат да се пофалат дека привлекле сериозен број на кинески бизнисмени и туристи се Хрватска (46% раст), Полска (30%) и Финска (20%).

Според извештајот на комисијата, новите воздушни линии меѓу Кина и Европа се во основата на зголемениот интерес за патувања на Кинезите. Сериозен раст на кинеските туристи регистрираше и Турција, која во последните неколку години прави големи напори за нивното привлекување.

Видете следно

РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. …