Србија ги намалува платите во државниот сектор


Српскиот парламент усвои закон за намалување на нето приход во државниот сектор, кој предвидува од 1 јануари следната година платите да бидат над 60 илјади динари ( 520 евра ) и да бидат оданочувани со поголеми даноци, објави електронското издание economy news.

Според законот износот над 60 илјади динари ќе се оданочува со 20- процентен данок, износот над 100 илјади динари – со 25%, а собраните даноци треба да бидат увезени во буџетот уште на денот на исплата на платите.

За непочитување на овие одредби се предвидени казни од 50 до 150 илјади динари за одговорното лице и од 500 илјади до 2 милиони динари за институцијата.

Парламентот усвои и измена во законот за буџетскиот систем, со што се забрануваат нови вработувања во буџетскиот сектор до крајот на 2015 година.

Во споредба со другите држави од регионот во Србија има од 5% до 10 % повеќе вработени во државниот сектор во 1000 лица од населението, а нивните плати се за 35% повисоки отколку во приватниот сектор. Според предвидувањата тоа ќе донесе во буџетот нови 21,4 милијарди динари.


Видете следно

Регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата – почина една жена од околината на Струга

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  22 нови случаи на …