Србите први, а ние втори економски оптимисти на Балканот


40 отсто од српските граѓани очекуваат економската ситуација да се подобри, додека во Хрватска слични надежи имаат едвај 11% од граѓаните, во Црна Гора 26%, а кај нас во Македонија 37%.

Истражувањето покажува дека 33 отсто од српските граѓани очекуваат нивната финансиска состојба да се подобри, пишува весникот „Политика”.

Сепак, иако тие се „најголемите оптимисти во регионот”, 41% од населението не очекува економската ситуација во земјата да се подобри. Голем дел од граѓаните дури се на мислење дека ќе се влоши.

Истражувањето покажува дека секое трето домаќинство во Западна Европа ги чувствува последиците од економската криза. Три четвртини од домаќинствата во Србија имаат барем по еден невработен член од семејството.

Истражувањето е нарачано од Европската комисија и е направено на 1.000 луѓе по телефон во септември.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …