Среда неработен ден за сите граѓани


Поради изборите на 15 јули, овој ден паѓа во среда и е неработен ден за сите граѓани во нашата држава. 13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на новата болест, дома или во болници, како и граѓаните кои се во самоизолација и хронично болните граѓани.

Според Програмата на неработни денови за 2020 година на Министерството за труд и социјална политика, неработни денови во 2020 година се:

За сите граѓани на РМ: 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден; 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба и 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски.


Видете следно

Кордалов за МИА за темата образование: Дигитализацијата е од интерес на секого

Образовните институции имаа доволно време да дејствуваат и да преземат конкретни мерки и чекори кои …