Средба на градоначалникот Мицевски со амбасадорот на Руската Федерација,Сергеј Баздникин


Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска во својот кабинет оствари протоколарна средба со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Н.Е. Сергеј Баздникин.

На средбата , градоначалникот Мицевски и амбасадорот Баздникин, дискутираа за перспективите за соработка и ги разгледаа можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес.

Како приоритет во заедничките интереси беа  издвоени потенцијалите на економската соработка, особено во делот на енергетиката и процесорт на гасификација, сообраќајната инфраструктура, како и потенцијалите за развој на зимскиот туризам и инплементација на модерните технологии за автоматизација и дигитијализација на услугите за гаѓаните.

Амбасадорот Баздникин на средбата истакна дека постојат отворени и реалини можности за соработка со општина Крива паланка и дека тој како амбасадот на Руската Федерација, ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да се остварат потенцијалите.


Видете следно

Се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,8 %

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која …