Средба на Груби со шефот на мисијата на ОБСЕ Која


Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која, како што информираат, заеднички било констатирано дека е потребна посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава, за ефикасно решавање на прашањата од полза на граѓаните.

Груби, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата го информирал амбасадорот Која дека Република Северна Македонија продолжува да води сеопфатна политика со цел да се постигне разбирање меѓу етничките заедници во земјата, но исто така и меѓу владата и опозицијата во врска со клучните прашања.


На средбата, било разговарано и за одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор и за достигнувањата и предизвиците кои произлегуваат од овој историски договор.

Груби, исто така, кажал дека Владата е фокусирана кон функционални добрососедските односи, во европски дух, не само поради нашите аспирации во евроинтеграциите, туку и како одговорна држава којашто сака да придонесува во регионалниот и светскиот мир, посебно како нова членка на НАТО.

Тој, се вели во соопштението, изразил благодарност до ОБСЕ за поддршката во демократските процеси на земјата и оцени дека е чест за Република Северна Македонија да претседава со ОБСЕ во 2023 година за прв пат од 1995 година кога земјата стана членка на ОБСЕ.

На средбата било посветено внимание и на прашања од областа на изборното законодавство, при што првиот вицепремиер Груби му кажа на амбасадорот Која дека фокусот е ставен на препораките на ОБСЕ за унапредувања во оваа област. аа/вј/


Видете следно

Министерката Шахпаска на Вин-Вин: Намалувањето на времетраењето на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

„Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври …