Средба на МФ и УИПР: Граѓаните ќе можат да ја следат постапката за откуп на дворно место од дома


Од второто тримесечје годинава граѓаните ќе можат да си го следат својот предмет за приватизација на градежното место од дома.  Ова беше истакнато на денешната работна средба на министерот за финансии, Драган Тевдовски со директорката на Управата за имотно правни работи Шасине Касами.

Управата за имотно правни работи во 2018 година активно работеше на Менаџмент информациониот систем со кој се зголемува ефикасноста на услугите што ги нуди Управата. Набавени беа и скенери со повисоки перформанси, а сѐ со цел полесно и поедноставно внесување на предметите во Системот.

До крајот на март планирано е сите предмети за приватизација на градежно земјиште да бидат внесени во Системот по што ќе биде развиена дополнителна можност за пристап во Системот на самите поднeсители на барања, кои во секој момент ќе имаат увид во статусот на нивното поднесено барање.

Годинава, како што информира директорката, ќе се менува и Законот за приватизација на градежното земјиште со цел упростување и прецизирање на постапките. Воедно се работи и на измени со цел забрзување на постапката за решавање на предметите кои се однесуваат на колективните станбени згради.

 



Видете следно

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед …