Средба на министерот Исмаили со дел од корисниците на стипендии за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни кадри


Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба и им ги врачи решенијата на дел од корисниците на стипендии за кои Министерството за култура обезбеди средства во еднократен износ од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство .

На Конкурсот за 2020 година аплицираа вкупно 74 кандидати од кои врз основа на приоритетите, критериумите и условите утврдени во Конкурсот, поддршка добија 68 апликанти. Инаку на Конкурсот можеа да аплицираат студенти кои се запишани или се доедуцираат на познати високообразовни установи во странство, а она што е особено значајно е и фактот што од оваа година можност за аплицирање имаа и оние кои се запишани на високообразовните установи во Република Северна Македонија.

Министерот за култура на средбата истакна дека оваа поддршка е од особено значење и за развојот на овие уметници како професионален кадар но, и за целокупниот културен развој на Република Северна Македонија.

-Грижата за младите уметници и за дефицитарните кадри е еден од приоритетите во нашата културна политика и токму затоа, секоја година во Годишната програма на Министерството се обезбедува поддршка за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во сите дејности од областа на културата и уметноста, рече Исмаили.

Инаку секоја година Министерството за култура во рамки на програмата за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри учествува во финансирањето на едукацијата на млади и талентирани уметници од дејностите од областа на културата и уметноста како и стручни кадри од заштитата на движното и недвижното културно наследство, кои својот образовен процес го остваруваа надвор од земјата на познати, признати и престижни универзитети во светот. Годинава на листата универзитети се: Бољшој балетската Академија од Москва, Русија, Универзитетот за визуелни уметности од Лондон, Универзитетот Мимар Синан од Истанбул, Турција, Универзитетот за музика и драмски уметности од Грац, Австрија, Конзерваторум Виена, Конзерваториум Бостон, Филозофски факултет – Универзитет во Љубљана, Словенија, Универзитетот во Реџо Калабрија, Италија, Националната ликовна академија во Софија, Бугарија, како и Филозофскиот факултет, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Меѓународниот балкански универзитет, Институт за македонска литература, Факултетот за музичка уметност и други од земјава.


Видете следно

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна …