Средба на министерот Спасовски со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.


Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани. На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разменети мислења за тековната соработка и унапредување на истата во областите од  заеднички интерес, со особен акцент на областа на безбедноста. 

Во таа насока од страна на двајцата соговорници , за наредниот период беа разгледани  можностите за искористување на потенцијалите за размена на искуства и реализација на проекти помеѓу двете министерства за внатрешни работи. 


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …