Средба на премиерот Груевски со економските промотори


Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, вчера навечер (понеделник, 17.12.2012 година) оствари редовна годишна работна средба со економските инвестициски промотори на Република Македонија кои се дел од Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот-Инвест Македонија“ .

На средбата присуствуваа и министрите Миле Јанакиески, Љупчо Димовски, Ваљон Сарачини, Веле Самак, Бил Павлески, директорот на Инвест Македонија Висар Фида, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Од страна на премиерот Груевски беше посочено дека со ангажманот на економските инвестициски промотори многу повеќе се зголемува можноста да се контактираат странски компании и да се претстават можностите за инвестирање во Македонија. Голем дел од странските инвестиции се токму резултат на огромните напори и работата на разгранетата мрежа на инвестициски промотори кои редовно контактираат со потенцијалните инвеститори и создаваат простор и услови за понатамошно продлабочување на односите со компаниите и преминување во повисоки фази од разговорите со владините претставници во насока на носење одлука за реализација на инвестиција во нашата земја. Досегашната работа на инвестициските промотори е од значење за овозможување на влез на капитал и отворање нови работни места.

На средбата, премиерот Груевски беше изворно информиран за тековните активности на вкупно 28-те инвестициски промотори, како и за текот на нивните разговори со потенцијалните инвеститори и со специфичностите со кои тие се соочуваат на глобално ниво.

Премиерот ја истакна важноста на задачата секој промотор да оствари што повеќе директни средби со бизнисмени кои се добра можност за изворно и непосредно да се презентираат поволностите и континуираните процеси и напори на Владата за подобрување на бизнис климата во државата.

Тој посочи дека на Македонија и се потребни сите инвеститори. Секој кој е подготвен да отвори едно работно место е добредојден кај нас и ние ќе направиме се да се реализира таа инвестиција. Нашата крајна цел е да отвориме што повеќе работни места, истакна премиерот Груевски пред промоторите.

Од страна на директорот на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот- Инвест Македонија Висар Фида беше потенцирана важноста на владините роуд-шоуа на кои бизнисмени од најмоќните земји слушаат за Македонија посочувајќи дека тие даваат резултати, и во чија подготовка и организација значително учество имаат економските промотерите.

Од страна на сите економски промотори беше истакната нивната посветеност кон извршувањето на значајната и одговорна позиција, и нивните планови за уште поголем активизам во насока на привлекување на странски инвеститори, за што во 2013 година постојат реални факти и претпоставки за носење на финални одлуки на потенцијални инвеститори за влез, отворање и реализација на бизнис во Република Македонија.

Извор: влада.мк


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …