Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

На средбата се реафирмираше ставот дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1″, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување.

На средбата се разменија мислења за моменталните состојби, како во нашата земја, така и во Кина, за справување со пандемијата на Ковид-19, како и за процесот на вакцинација.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека традиционалното пријателство меѓу двете држави е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Северна Македонија.


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …