Средба на претседателот Пендаровски со НГШ на Италија, Енцо Вечиарели


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска прими делегација на вооружените сили на Република Италија, предводена од генерал Енцо Вечиарели, началник на Генералштабот.

Претседателот Пендаровски истакна дека ја цени досегашната соработка помеѓу македонската и армијата на Италија. На средбата претседателот Пендаровски посочи дека очекува соработката на одбранбен план меѓу двете држави уште повеќе да се интензивира со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Истовремено, претседателот Пендаровски подвлече дека за припадниците на македонската армија од особена важност е да продолжи нивната доедукација и посетување тренинзи за усовршување на техниките во рамки на образовните институции во Италија.

Посочувајќи дека и нашата земја и Армијата можат да понудат соодветни можности за италијанските војници, претседателот Пендаровски искажа верување дека соработката помеѓу двете Армии ќе биде подеднакво успешна, како што тоа е случај со соработката на Северна Македонија и Италија на политичко и на економско ниво.


Видете следно

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна …