Средба на претседателот Пендаровски со новиот директор на фондацијата „Конрад Аденауер” во Скопје, Даниел Браун


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими новиот директор на фондацијата „Конрад Аденауер” во Скопје, Даниел Браун.

На средбата се разговараше за севкупниот ангажман на фондацијата во Република Северна Македонија, која одбележува 20 години работа во нашата држава и дава важен придонес во развојот на политичкиот дијалог меѓу политичките партии, градење на општествен консензус за најважните стратешки прашања, а пред се, демократскиот развој, владеењето на правото, интеграцијата во Европската Унија и меѓурелигискиот дијалог. Претседателот Пендаровски ја истакна улогата на фондацијата „Конрад Аденауер”, како една од партнерските организации, во работата на школата за политики во Претседателскиот центар за политичко образование, проект на претседателот Пендаровски.

Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази очекување дека фондацијата ќе продолжи со градењето мостови на соработка и силно партнерство со нашите институции, во насока на поддршка на реформските процеси во државата.

Претседателот Пендаровски на новиот директор Браун му посака успех во работата.


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …