ССК со 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата ” достави пакет од 78 економски мерки во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. Претседателот на Сојузот, г-ѓа Данела Арсовска, претседателот на Владата г. Зоран Заев и заменик претседателот на Владата заедолжен за економски прашања, г. Кочо Анѓушев, во присуство на деловната заедница, дипломатскиот кор, ресорни министри, претседатели на комори, во своите официјални обраќања ja истакнаа важноста од активно вклучување на Сојузот, во креирање политики за создавање на подобри услови за деловната заедница со континуирано јакнење на јавно приватниот дијалог, а со тоа и на делување за раст и развој на националната економија.

Пораката која деловната заедница ја упатува со економските мерки на годинешниот Деловен појадок, сублимирано е да се спроведе сериозна борба со сивата економија, да се елиминираат големиот број парафискални давачки кои го оптоваруваат стопанството, да се создадат стабилни услови за водење бизнис за да се охрабрат претпримачите и граѓаните да инвестираат и да работат во приватен сектор, кој треба да биде двигател на економскиот раст во земјата, рече Арсовска во своето обраќање.

 


Видете следно

СКОПЈЕ СО PUMPTRACK ПОЛИГОН КАЈ ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини …